Ликовна изложба „Мигови“ во Јавна соба

Изложбата на младата авторка Сарита Конеска, „Мигови” в петок, со почеток во 20:00ч свечено ќе биде отворена  во „Јавна соба“.

„Мигови како колекција на мигови од нејзиниот живот и искуствата, пренесени на хартија преку призмата на сликарството и различни техники на изразување како употреба на молив, акварел, црн и кафен пресован јаглен, пастел техника и слично. Секој миг – своја приказна, секоја скица своја сказна“, вели Рецензентот Иван Стојановски.

Скицата како „медиум”, техника претставува и цртачко сликарски бележник. Интермедијалната врска помеѓу фотографијата и сликарството е повеќе од очигледна во овие дела, како еден вид практицирање на „старомодниот начин” на ловење моменти.

Додади коментар

Би те интересирало и

„Златна петорка“ премиерно во Њу Џерси, а во Мумбај прогласен за најдобар странски филм

Филмот „Златна петорка“ на режисерот Горан Тренчовски ја имаше својата американска премиера на Интернационалниот филмски ...

Почна 38. издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“

Под мотото „Допри ја светлината“ и со македонската премиера на краткиот филм „Крајот на времето“ ...

Close