Лозарите од Тиквешијата ја блокираа Винарската визба „Повардарие” од Неготино, бараат исплата на предаденото грозје

Стотина лозари утрово ги блокираа двете капии на Винарската визба Повардарие од Неготино, револтирани што се’ уште не ги добиле парите за предаденото грозје.

Илија Јанчев, член на Иницијативниот одбор за протестот вели дека трпението им е при крај, не ги интересира политика и бараат само да си го добијат она што чесно си го заработиле.

„Протестот е поради неисплатени обврски спрема лозарите од Тиквешијата од ВВ Повардарие, вчера протестот беше мирен помина се во најдобар ред денеска е се под блокада , потпочно легален пријавен во полиција се по закон, двете капии горната и долната, значи никаков влез или излез на возила или имот. Уште никој не не контактирал ама сигурен сум ќе не контактираат, работата е што не го почитуваат договорот кој што е потпишан, има луѓе со неисплатени обврски од 2014 година, проблемот е едноставен треба да ни платат“, вели Јанчев.

За актуелните состојби пред винаријата се обративме и до раководството на „Повардарие”, но засега сеуште немаат излезено со став за најновиот протест на лозарите и блокадата на капиите.

Последниов период неготинскиот подрум е во центарот на вниманието, не само по долговите кон лозарите туку и по поднесената кривична пријава, против бившиот министер за земјоделство Михаил Цветков, неговиот тогашен заменик Ванчо Костадиновски и за бившиот заменик министер за економија Кристијан Делев, бидејќи, како што стои во пријавата, пријавените инсистирале да се откупи што поголеми количини на грозје со ветување дека исплатата на субвенциите ќе била штом заврши бербата на грозјето. Но до крајот на август, како што рекоа од таму, од ветените субвенции не добиле ништо.

Винаријата минатата реколта откупи околу 30 милиони кг грозје наместо планираните 15, се со цел само да се излезе во пресрет на барањата на тогашната Влада да им се помогне на лозарите. Близу седум илјади лозари од Тиквешијата која важи за најголем производител на грозје во земјава, соработуваат со неготинскиот подрум.

 

Билјана Тошевски

Би те интересирало и

Биткоинот е речиси 8.000 долари, но инвеститорите со недоверба гледаат кон него

Иако вредноста на биткоинот порасна за неверојатни 700 проценти од почетокот на оваа година, поголемиот ...

Пад на цените на нафтата на светските пазари

Цените на нафтата на светските пазари минатата недела паднаа од највисокото ниво што го достигнаа ...