Локализирани пожарите во Богданци и Гоцева шума кај Неготино – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Локализирани пожарите во Богданци и Гоцева шума кај Неготино

pozar-suma

Локализирани се пожарите во општина Богданци и кај месноста викана Гоцева шума кај Неготино, информира денеска Дирекцијата зa заштита и спасување (ДЗС).

Пожарот кој избувна вчера во општина Богданци е локализиран и е ставен под контрола. Опожарени се околу 12.000 метри квадратни-сува трева, стрништа и смрека.

Од 4 часот изутринава, во гаснењето на пожарот учествуваа тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување со 40 луѓе кои се предводени од директорот на ДСЗ Шабан Салиу. Во гаснењето учествуваат и 20 луѓе од просторните сили на општина Богданци, една медицинска екипа, 49 лица од Македонски шуми и лица од ТППЕ Валандово, ТППЕ Струмица, ТППЕ Гевгелија и ТППЕ Дојран. Ангажираните лица остануваат на терен за да не дојде до негово повторно активирање.

Пожарот во Гоцева шума е локализиран, а на местото се вработените од ПОЗС Неготино, ПОЗС Кавадарци од ТППЕ Неготино и 30 лица од Македонски шуми.

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека преку своите подрачни одделенија ја следи состојбата на терен со настанатите пожари.

Би те интересирало и

Обвинителството го расветлува синоќешното убиство во Чаир

Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Скопје го расветлува синоќешното убиство на жената во населбата Чаир. ...

Жена прободена со нож починала на пат кон болница

Жена од Тетово синоќа починала на патот кон болница, откако била повредена со нож во ...