Локални Избори: Втор круг – лајв блог

Канал 77 29/10/201719:01

МОСТ: Тринаесет случаи на семејно гласање во Шуто Оризари

Тринаесет случаи на семејно гласање, фотографирање ливчиња, како и проблеми со УВ ламбата биле забележани од страна на набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ.

Според нив, досега се забележани следните неправилности на гласачките места: 1238 и 1239, општина Демир Капија, забележани се поголем број лица кои гласаат со придружба, 21 во првиот и 23 случаи во вториот случај. Избирачките одбори ја почитувале постапката и ги евидентирале имињата на лицата кои помагале во дневникот од Избирачкото место.

На гласачките места 2957 и 2958 во општина Шуто Оризари, забележани се по 5 случаи на семејно гласање, додека пак на ГМ 2959, исто во општина Шуто Оризари, забелжани се 8 вакви случаи.

На гласачкото место 2929 и 2930 во општина Бутел, два гласачи се потпишале на несоодветно место во избирачкиот список. Избирачките одбори направиле записници за двата случаи. На гласачкото место 2955, општина Шуто Оризари, 3 случаи во кои членовите на ИО им помагале на лица да гласаат и им укажувале за кого да гласаат. На гласачкото место 0223, село Мојно, општина Могила, член на ИО му помогнал на едно лице да гласа. На гласачкот место 0440, село Неготино, општина Врапчиште, УВ ламбата не функционира од 13 часот. ОИК не била известена за ова, а гласањето не било прекинато.

Според МОСТ, на гласачко место 0886, село Бање, општина Чешиново-Облешево, гласач одбил да биде обележан со невидливо мастило и му било дозволено да гласа.

Биле забележани итТехнички проблеми со изборниот материјал – и тоа на гласачко место 2960, општина Шуто Оризари, гласањето било прекинато во период од половина час поради тоа што УВ ламбата не функционирала. Направен бил записник, а гласањето продолжило.

На гласачко место 2949, општина Бутел, гласањето било прекинато во период од 20 минути поради тоа што УВ ламбата не функционирала. Член на ИО набавил нова ламба од ОИК, направен бил записник и гласањето продолжило.

Било забележано и непочитување на постапката на гласање од страна на гласачи – на гласачко место 2928, општина Чаир, гласач го фотографирал глсачкото ливче, повикана била полиција и гласањето било на кратко прекинато. ИО направил записник за случајот.

Канал 77 29/10/201718:05

Во Општина Тетово гласањето се одвива во мирна и демократска атмосвера со одредени технички пропусти

Одредени технички пропусти се регистрирани за време на гласањето
во неколку избирачки места во Општина Тетово. Истите се остранети на лице места
и тука гласањето продолжило да се одвива во најдобар ред, рече Артан Адеми
престедателот на општинската изборна комисија Тетово

Граѓаните очекуваат фер и демократски избори.

И во останатите општини од тетовскиот регион, каде се одвива
вториот круг од гласањето, изборниот ден тече во мирна и демократска атмосвера.
Денеска се гласа и во општините Брвеница, Теарце, Јегуновце, Желино и
Боговиње.

Зоран Димовски

Канал 77 29/10/201717:05

„Цивил“: Регистрирано е семејно гласање, кршење на молкот и закани по набљудувачите

Невладината организација „Цивил“ нотирала три случаи на притисок врз нивните мониторинг-тимови и тоа во општините Штип, Кавадарци и Сарај, информираат од таму.

Поради, како што велат, крајно сериозните закани, „Цивил“ ги повлече набљудувачите од село Ласкарци, Општина Сарај. Заканите дошле од член на Избирачкиот одбор, кој било револтиран од присуството на набљудувачите на „Цивил“, односно од извештаите на „Цивил“ од првиот круг на изборите.

– Не веруваме дека во Ласкарци ќе се одржат слободни избори. Ги повикуваме институциите, особено ДИК, да ја провери кондицијата на лицата ангажирани во своите тела. Препорачуваме МВР да ја засили својата контрола во овој дел од Општина Сарај и да помогне изборниот процес да се одвива непречено – изјави Џабир Дерала од „Цивил“.

Набљудувачките тимови на „Цивил“ регистрирале 29 нерегуларности како фотографирање на гласачки ливчиња, семејно и групно гласање како и кршење на изборен молк.

– Изборниот молк се крши како воопшто да не постои забрана за партиска активност во текот на изборниот ден. Семејно гласање е често и вообичаено во Студеничани и во Шуто Оризари, без реакција од избирачките одбори – додаде Дерала.

Од „Цивил“ апелираат до политичките партии веднаш да престанат со притисоците врз граѓаните и да престанат со кршењето на изборниот молк.

Канал 77 29/10/201716:12

МВР: Гласањето се одвива без посериозни нарушувања

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, на денешната прес-конференција рече дека во моментов изборниот процес се одвива во мирна атмосфера и дека не се забележани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир поврзани со гласањето на локалните избори.

Канал 77 29/10/201715:05

МОСТ забележа помали неправилности при гласањето

Според потврдените информации, дојавени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, досега бие забележани помали неправилности на неколку гласачки места.

Во село Дебреште, општина Долнени, на едно гласачко место биле забележани 9 случаи на семејно гласање при што се злоупотребени 27 гласа.

„Дополнително, на ова место се забележани 2 случаи во кои лицата кои им асистирале на гласачите кои не можеле да гласаат сами не биле заведени во Дневникот од избирачкото место.

Во ГМ 1472, село Лажани, општина Долнени, имало 9 случаи на групно гласање во кои се злоупотребени 20 гласови“, велат од МОСТ.

Во с. Видовиште, општина Зрновци, на едно гласачко место три гласачи биле обележани на левата, наместо на десната рака.

Во општина Шуто Оризари пак, на едно место е забележано неовластено лице кое агитирало во гласачкото место.

Забележано е и фотографирање на гласачки ливчиња на гласачкото место 1531, општина Пробиштип и 2959, во општина Шуто Оризари.

Канал 77 29/10/201714:56

Гласањето во полошко се одвива без никаив проблеми

Во полошкиот регион гласањето започна без никакви проблеми точно навреме. Излезноста до 10 часот во Општина Тетово каде има евидентирано
најголем број гласачи е слична како и во првиот круг од локалните избори, рече
претседателот на општинската изборна комисија Артан Адеми.

Граѓаните очекувааат денешното гласање да помине во мирна и
демократска атмосвера како и на 15 октомври. Очекуваат новоизбраните
градоначалници да работат во интерес на градот.

Во полошкиот регион за избор на градоначалник ќе се гласа во 8
општини. Во најголемата општина Тетово има евидентирано 82.798 gra|ani а во
Гостивар има вкупно 79.632 избирачи

Зоран Димовски

Канал 77 29/10/201714:52

Во Долнени до 10 часот гласале 6,60 % од граѓаните со право на глас

Од 4-те општини во Прилепскиот дел на Пелагнија денес 2-ор круг на 6-тите Локални избори има само во Општина Долнени, додека во Прилеп, Крушево и Кривогаштани се беше познато по првиот круг на изборите одржан на 15-тти октомври.

Нема никакви проблеми, гласањето се одвива непречено. Почна точно навреме во 7 часот кога беа отворени сите 40 избирачки места


во општина Долнени
, изјави за Канал 77 Зоран Здравески, претседател на Општинската изборна комисија. Според податоците од ОИК
излезноста до 10 часот е 6,60% и е поголема во споредба со одзивот во првиот
круг на 15-ти октомври кога до 10 часот гласаа 4,82%.

Во вториот круг од локалните избори во Општина Долнени денес своето право на глас може да го искористат 11.520 запишани гласачи во единствениот избирачки список.


Жителите на оваа мултинационална општина
избираат за еден од двајцата кандидати за градоначалник, а гласачкиот поцес ќе го следат набљудувачи од ОБСЕ и од невладината организација МОСТ.
Вчера своето право на глас во своите домови го искористиле 58 болни и изнемоштени
лица
, што е за 32-ца повеќе од од пријавените во првиот круг.

Во првиот круг од изборите излезноста во оваа општина беше 58,20%, или од запишаните 11.526 граѓани со право на глас своето гласачко право го искористиле 6.708 граѓани, а имаше 250 неважечки ливчиња.
Интересно е дека во 1-виот круг до 10 часот немаше гласано ниеден граѓанин во 8
помали населени места. Според бројот на жителите победникот на изборите ќе се
режава во 7 населени места со 13 избирачки места:Житоше, Дебреште,, Лажани,
Црнилиште, Долнени, Десово и Пешталево каде има над 9.000 гласачи, додека на останатите 27 избирачки места во населените места од општината ќе гласаат нешто над 2.000 граѓани.

Петар Димоски

Би те интересирало и

Денеска се прегласува во Чаир

Во избирачкото место 2901 во општина Чаир денеска повторно се гласа за градоначалник. По вториот ...

Утре ќе се прегласува на едно избирачко место во Чаир

Во општина Чаир во избирачкото место 2901 утре ќе биде повторено гласањето од вториот круг ...