Лондон: На Британија уште долго време ќе требаат од мигранти од ЕУ

Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис изјави дека Велика Британија и нејзината економија „уште долго време“ ќе имааѕ потреба од мигрантите од ЕУ, објаснувајќи го тоа со одбивањето на Британците да ги работат ниско платените професии.

– Ќе ни бидат потребни години за ниско квалификуваните работни места да бидат пополнети со домашни работници, што по Брегзит би ги оставиле испразнети работици-мигранти од земјите на ЕУ, изјави Дејвис за време на посетата на Естонија.

Дејвис, кој е силен застапник во кампањата за напуштање на ЕУ со цел „да се стави под контрола миграцијата и да се преземат од Унијата британските граници“, во текот на посетата на Балтикот ги уверуваше домаќините дека Владата во Лондон по Брегзитот „нема наеднаш да ја затвори вратата за Европејците“.

– Британските работници несакаат да ги прифатат ниско платените работни места во домовите за нега на луѓе, во хотелите и рестораните, или на фармите, за разлика од европските мигранти и така ќе биде уште долго време, изјави Дејвис.

Ваквата изјава е сосема различна од неговите досегашни заложби и јавни настапи со барање за „тврд“ Брегзит, што ќе значи излегување на Велика Британија и од единствениот заеднички пазар на ЕУ и од царинската унија, затоа што останувањето би значело обврска да се прифати основното правило на Унијата за слободно движење на работната сила.

Признанието на еден остар „брегзитер“ дека домашната економија не може без странците од ЕУ, ја доведува во прашање определбата на британската премиерка Тереза Меј да не попушти пред Брисел во преговорте и да опстои на определбата за целосна контрола на британските граници и на миграцијата, што како членка на Унијата, Велика Британија не можела да го прави.

Определбата на Меј и на актуелната Влада е нето миграцијата во Велика Британија да се сведе на ниво од најмногу 100 илјади лица годишно, што е еднакво на времето на Маргарет Тачер кога Велика Британија беше силен фактор во Европа, но кога членки на ЕУ не беа земјите од Источна Европа.

– Ние сме успешна економија и затоа што паметни и талентирани луѓе доаѓаат да работат кај нас, изјави Дејвис, кој при тоа ја нагласи и потребата од нискоквалификувана и нископлатена работна сила, која, што првпат јавно се признава, не може да се најде меѓу домашните работници.

 

Превземено од: Макфакс

Би те интересирало и

Американец и Мексиканка се венчаа на границата (Видео)

Американец и Мексиканка се венчаа на границата помеѓу двете земји, што симболично претставува спротивставување на ...

Турција ги забрани сите ЛГБТ настани во главниот град

Турција ги забрани сите јавни настани кои ги организираат ЛГБТ групите во Анкара, јавува Асошиејтед ...