Лошите временски услови во Грција „заглавија“ десетици камиони на преминот Евзони

sneg-granica

Грчките полициски службеници не пропуштаат камиони на граница од македонска страна, поради лоши временски услови во Грција, па затоа на меѓуграничниот простор чекаат 70 товарни возила – информира агенцијата Макфакс.

Министерството за внатрешни работи извести дека во среда остварен е контакт помеѓу раководител на смена на полициската станица за граничен премин „Богородица“ со раководител на смена на граничен премин „Евзони“ во врска со застој при влез во Грција за товарен сообраќај. Од страна на грчките полициски службеници добиено е известување дека од 2 часот, не им се дозволува на тешките товарни возила влез во Р.Грција поради лошите временски услови и состојбата на патиштата.

Затоа во меѓупросторот, за влез во Грција чекаат околу 70 товарни возила.

Како што соопшти АМСМ пак, забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци: крак Маврово – Дебар, Кочани – Делчево – граничен премин Делчево, Берово – Виница – Кочани и превој Ѓавато, каде за останатите возила задолжително е користење на зимската опрема.

Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Дојранска раскрсница – Дојран од 8 часот е укината.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи од Македонијапат.

Поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

 

Извор:  www.makfax.com.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Мото собир во Кавадарци

Мото собир се одржува викендов по втор пат во Кавадарци. Околу две ипол илјади учесници ...

Метеж на граничниот премин „Богородица“ (фото)

Иако според официјалните информации од АМСМ, ова утро нема подолги задржувања за влез и за ...

Close