ЛШ Кардиф: Безбедносна операција на годината

Реал Мадрид и Јувентус, во сабота во Кардиф, ќе го одиграат финалето во Лигата на шампионите, кое по многу нешта ќе биде единствено во богатата историја на завршните мечеви во борбата за титулата најдобар вбо Европа.

Финалето во Кардиф ќе биде прво кое ќе се игра со затворен покрив. Британците мечот го нарекуваат „безбедносна операција на годината“, бидејќи властите стравуваат од можен напад со дрон, поради што покривот ќе биде затворен.

Најмалку 2.000 полицајци ќе се грижат за безбедноста на околу 200.000 гости кои ќе бидат во Кардиф, а ангажирана ќе биде и војската.

На улиците кои се наоѓаат во пошироката близина на стадионот ќе бидат поставени барикади и ќе бидат спроведувани строги полициски контроли.

Носење на ранци е забрането околу и на стадионот, а секој кој ќе влезе на стадионот ќе биде фотографиран со безбедносните камери.

За сообраќај ќе биде затворена и реката Таф која се наоѓа крај стадионот.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

И советничката за односи со јавноста го напушти Трамп

Советничката на Трамп за односи со јавноста, Омароса Маниголт Њуман, поднесе оставка. Според Белата куќа, ...

Бездомник исчезнал со 300.000 евра oд парискиот аеродром

„Совршено злосторство“ – вака француските медиуми го опишуваат случајот со бездомникот што исчезнал со 300.000 ...