Маверик Вињалес останува во Јамаха до 2020 година – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Маверик Вињалес останува во Јамаха до 2020 година

Шпанецот, Маверик Вињалес, третопласиран во минатогодишниот Мото ГП шампионат, го продолжи својот договор со Јамаха, за нови две години и ќе остане во тимот најмалку до 2020 година.

„Среќен сум поради продолжувањето на договорот со Јамаха. Прекрасна работа е и за мене и за тимот, бидејќи ова продолжување на договорот во раната фаза ќе ни го донесе потребниот мир во текот на сезонат“.

23-годишниот Вињалес беше победник во Мото 3 класата во 2013 година, а сега од тимот со продолжувањето на договорот сакаат да си ја осигураат својата иднина, бидејќи сè уште не е сигурно дали Валентино Роси ќе продолжи со Јамаха по крајот на 2018 година.

Преземено од: Гол.мк

Би те интересирало и

Рикиардо се „залепи“ во Верстапен, Хамилтон среќно до победа во Баку

Луис Хамилтон е нов лидер во генералниот пласман откако среќно стигна до победа во Баку. ...

Прилеп престојниот викенд домаќин на второто меѓународно рели со џипови „Macedonian trophy“

Во деновите на викендот 21-ви и 22 октомври Прилеп ќе биде домаќин на вториот по ...