Маж од Кичево си ја оставил внуката на патот – полицијата трага по девојчето

Вчеравечер во кичевската полициска станица, триесет и двегодишниот В.Ј.  од село Карбуница пријавил дека е исчезната неговата двегодишна внука.

Според пријавата, В.Ј. истиот тој ден во попладневните часови заедно со неговите две внуки на возраст од шест и две години, се движел по локалниот пат од с.Кленоец кон с.Извор. Во близина на јарболот во с.Кленоец, двегодишното девојче  кажало дека не може да оди понатаму и останала покрај патот, а тој со шестгодишната внука се упатил во с.Извор. По еден час, кога се вратил на местото таа не била таму.

Се вратил во куќата во с.Кленовец, каде исто така, ја немало. Веднаш потоа случајот го пријавил во ПК Извор. Полициските службеници го пребарале теренот, но не го пронашле исчезнатото дете. Понатамошни мерки за пронаоѓање на девојчето ќе се преземат утре – информира МВР.

Би те интересирало и

Еден загинат во сообраќајна несреќа со автобус што патувал кон Македонија

Автобус што патувал од Германија кон Македонија вчеравечер удрил во автомобил во Шлиербах, Австрија. Како ...

Гевгеличанец претепан до смрт по расправија за мобилен телефон

Две лица се уапсени за убиството на 41-годишниот гевгеличанец кој вчера беше пронајден мртов. Според ...