Маж силувал тинејџер во Скопје – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Маж силувал тинејџер во Скопје

Шеснаесетгодишно момче било силувано во дворот на основното училиште „Круме Кепески“ во Скопје – соопшти денеска МВР.

Имено, вчера претпладне Љ.К. од Скопје пријавила дека во неделата, 25 јуни, во вечерните часови непознато машко лице извршило полов напад врз нејзиниот 16-годишен син.

-Непознатото лице го фатило детето и го однело позади основното училиште ‘Круме Кепески’, каде го извршил делото – соопшти МВР.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Би те интересирало и

Автобус прегази велосипедист вечерва

Сообраќајна несреќа се случила денес во 16.20 часот  на магистралниот пат Штип-Кочани во близина на ...

Се сруши фасада од зграда во центарот на Куманово, едно лице повредено

Едно лице е повредено откако фасада од зградата лоцирана на кумановскиот плоштад се сруши денеска ...