“Македокс” – Важниот никулец во ДОК-Универзумот на филмскиот приказ

IMG_9858

Чатврти ден од фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Проекциии под отворено, филмофилите на гледалиштето под големото платно. Програмска целина која дождот не спречува да се биде таму-во Куршумли ан. Со овој текст, нема да му се додворувам на фестивалот, тој сам по себе по седми пат со своите прогреси и падови, докажа дека оправдано го заслужи местото кај публиката и филмаџиите.

Репертоарот нема да го наредам, дека сите тие креативни пристапи во порикажувањето на филмскиот наративен и арт процес бара од филмофилите и професионалците да се биде таму, па затоа чесно ќе го споделам линкот на програмската целина од МакеДокс.

Нема да звучам надмено ако кажам дека докуметарниот филм бара нова форма во изразувањето, и не попусто филмот е филм, а начинот на прикажување на приказната е суштината на авторот кој ја бара формата, без разлика на играта и перформансот внатре во самиот визуелен приказ. Ќе спомнам еден руски режисер што МакеДокс не го изостави од програмата, не сомнено Виктор Косаковски е еден од оние кој го заокружува смисловното, субверзивното во документарниот пристап.

Според него, десетте правила за докуметарен филм кој треба да служат како Декалог за режисерите и аматерите (мислам на луѓето кои алтернираат со љубов во документаристиката) се врзузва за искреноста и љубовта да се снима, да се покаже поинаквото, исто што и Флобер го збореше за поезијата како над процес во перцепирањето на околностите.

Оттука, документарниот филм не е гола нарација, тој е пропратен со силно визуелно чувство на егзистенцијата како хуман реалитет, а не материјално монтажно уредена слика која ќе се труди да го експресионира (не)присутното и да се заглави во процесот на надополнување на вистината. Документаристиката не е апсолутистичка, таа е дел од размислата за еден крајно менлив процес во суштествувањето кој Македокс на многу интелигентен начин успева да го покаже низ авангардни и алтернативни алатаки кои се користат во создавање филм кој е документарен по намерата, но не и формата.

Зошто е важно да се биде на МакеДокс?
За сите филмаџии и филмофили, морам да ги поздравам со пораки од гравитирачкиот МакеДокс.
„Млад и ретко авангарден фестивал на креативен документарен филм. Еден од најјаките катапулти за создавање кино-публика во Македонија. Освојува, велат, со својата топлина и квалитет. Среде прекрасниот Куршумли ан вибрираат филмски приказни, работилници и перформанси, док-муабети под магична смоква и музика под ноќното небо.

Од 2010 година наваму, секое лето на отворено“ или повнатрешно, како кога се плаче од кромид сечење „…Ја „посадија“ документаристи и докуљупци задоени со медитеранска мисла. Креативноста ѝ е прва друшка, а документарниот – омилен јазик.

Оттогаш „расте“ за да го надрасне конформизмот, за да ги изостри сетилата за квалитет и критички вид“.

Вероника Камчевска

Би те интересирало и

Детски мјузикл „Градот моли: Ме угушивте, ме боли!“

Детскиот мјузикл „Градот моли: Ме угушивте, ме боли!“ вечерва ќе биде изведен во кино „Култура“. Организатор ...

Најдобрите германски филмски остварувања и годинава пред штипјани

Фестивалот на новиот германски филм, во Штип ќе го означи почетокот на последната недела од ...