Македонец, Босанец и Сириец осомничени за силување на девојка во Хрватска

Полицијата во Загреб уапси Македонец, Босанец и Сириец, кои барале азил во Хрватска. Тие се осомничени дека дрогирале и силувале 22-годишна девојка.

Според хрватските медиуми, се работи за 43-годишниот Македонец И.С.,  40-годишниот Босанец А.Х. и 30-годишниот Сириец Б.А.. Хрватската полиција против нив поднела кривична пријава за силување, по што поради страв од бегство или пак влијание врз сведоците им е одреден 30-дневен притвор, па сега осомничените се наоѓаат во истражниот затвор во Реметинец.

Девојката, чие име полицијата не го соопштува, на истражителите им раскажала дека била силувана во четвртокот во собата во објектот во кој биле сместени тројцата мажи. Прво ја опијаниле, па и’ дале и таблети за епилепсија и на крајот ја силувале. Девојката изјавила дека била свесна, но не можела да прави ништо поради влијанието на алкохолот и дрогата.

Веднаш по пријавувањето, девојката била испратена на лекарски преглед, каде и’ била земена крв за анализа, а осомничените веднаш биле уапсени.

Пред истражниот судија, како што пишуваат тамошните медиуми, уапсените го негирале делото, додека босанскиот државјанин и Сириецот тврделе дека сексот не бил присилен туку доброволен. Македонецот тврдел дека воопшто немал односи со девојката. Според нив, девојката одлучила да ги пријави откако одбиле да и’ дадат пари кои ги барала за сексуалните услуги.

Дали хрватското Обвинителство ќе покрене обвинение засега сè уште не е јасно, бидејќи се чекаат анализите од вештачењата кои биле наредени врз жртвата и врз осомничените.

Додади коментар

Би те интересирало и

Во Скопје пронајден мртов пробиштипјанец со расекотина во вратот

Седумдесет и осумгодишен маж од Пробиштип синоќа е пронајден мртов на улицата „Антон Панов“ во ...

Сопружници загинаа во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце

Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце загина 76 годишен жител од тетовско ...

Close