Македонија ги доби првите национални шампиони во уметничко лизгање

На Првиот национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање што на 24 и 25 февруари се одржа во Скопје, Република Македонија ги доби првите национални шампиони  во категорите  Сениорки – Нина Стрезовска, Јуниорки – Георгина Стефановска, Младинки – Јана Куковска и Младинци – Јан Стојановски. Второ и трето место во категоријата Младинки освоија Ангела Прилепчанска и Лариса Богатиновска, соопшти денеска Федерацијата на лизгачки спортови на Македонија.

– Федерацијата им го честита успехот на сите натпреварувачи и продолжува со својата заложба за промоција и развој на уметничкото лизгање во Македонија. Голема благодарност за несебичната поддршка до Македонскиот Олимписки Комитет и до сите помагатели на овој настан и на уметничкото лизгање – се вели во соопштението од Федерацијата.

Натпреварот што во организација на Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија се одржа на ВИП лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ е прв натпревар во уметничко лизгање во историјата на Македонија. Тој покрај национален имаше и меѓународен карактер.

На натпреварот се претставија 62 натпреварувачи од земјата и од странство во повеќе категории: 1. Сениорки, Јуниорки и Младинки/ци – категории во кои се прогласуваат и државни прваци, согласно меѓународните стандарди, и 2. Кадетки Б, Кадетки Ц, Интерпретации А, Б и Ц (категории за деца до 10 години и интерпретативни категории).

Би те интересирало и

Луиза Винтон: Една од три жени изложена на некаква форма на насилство

Една од три жени или девојчиња е изложена на одреден облик на насилство во глобални ...

Револтирани работници реагираа пред капиите на Фени: Сметаат дека им се пласираат лажни информации

Револтирани работници денеска реагираа  пред капиите на Фени дека им се пласираат лажни информации од ...