Македонија ги одбележува Деновите на педагогијата

114921048-56120

„Педагогија на дело“ е темата на настанот Денови на педагогијата кој денеска се одржува на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје. Овој настан се одржува традиционално во рамките на одбележувањето на Денот на просветителството 24-ти Мај.

Манифестацијата ќе ја отвори раководителот на Институтот за педагогија Анета Баракоска, а поздравен говор ќе одржат деканот на Филозофскиот факултет – Скопје  Горан Ајдински, и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје Велимир Стојковски,

Во рамките на манифестацијата ќе бидат презентирани резултатите од спроведено истражување на тема: „Професијата педагог низ различни призми“  од студенти од втора студиска година.

Би те интересирало и

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...

Во полошко голем интерес за вакцинација против сезонски грип

Постарата генерација и оваа година традиционално во голем број ги примија првите вакцини на сезонската ...