Македонија домаќин на Лихтенштајн во последниот квалификациски дуел за СП 2018

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20.45 часот во Струмица го пречекува Лихтенштајн во последниот натпревар од квалификацискиот циклус за Светското првенство во Русија.

Без разлика на исходот, двете репрезентации се без шанси за прогрес на табелата, но за Македонија евентуално освојување на трите бода ќе значи подобар биланс од претходните квалификации.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски на мечот влегуваат по ремито кај фаворитот Италија во петокот и со желба да ја изборат третата победа.

Лихтенштајн во Струмица доаѓа со девет порази и без освоен бод на претходните натпревари и тоа го прави аутсајдер, но од таборот на „црвено-жолтите“ порачаа дека во никој случај противникот нема да биде потценет.

Двојки за последното (десетто) коло од квалификациите за СП 2018:

Македонија – Лихтенштајн,

Албанија – Италија и

Израел – Шпанија.

Табела:

Шпанија 25 бода

Италија 20

Албанија 13

Израел 12

Македонија 8

Лихтенштајн 0

Од Г-групата учество на СП обезбеди Шпанија, Италија како второпласирана ќе игра бараж.

Би те интересирало и

Тевекио повеќе не е прв човек на италијанскиот фудбал

Карло Тевекио замина од функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија. Тевекио ја напушти функцијата ...

Вардар го доби вечното дерби, „Комитите“ го прославија јубилејот

Вардар го совлада Пелистер со 3:0 во големото дерби на македонскиот фудбал, кое овојпат беше ...