Македонија домаќин на ракометното СП за кадети – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Македонија домаќин на ракометното СП за кадети

Високи претставници на ИХФ во минатите два дена беа во Скопје каде по извршената инспекција ги потврдија двете најголеми арени во Скопје како домаќини на натпреварите на Светското кадетско првенство во ракомет 2019 година.

– Данецот Пер Бертелсен во својство на Претседател на Комисијата на ИХФ за организација на настани и натпреварувања, заедно со Полјакот Марек Горалчук кој е член на Комисијата, во изминатите два дена ги разгледуваа условите во спортските сали и сместувачките капацитети во нашиот главен град, по што беше утврдено дека кадетското Светско првенство ќе се игра во двете најголеми сали во Скопје – СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“. Дополнително, за тренинзи на репрезентациите во текот на Првенството ќе бидат искористени уште шест спортски сали, информираа од Ракометна федерација на Македонија.

По успешно минатата инспекција на нашата земја како организатор на големото натпреварување, во наредниот период ќе следува дефинирање на точните датуми за одржување на првенството, за кое засега е познато дека ќе се игра во текот на летните месеци во 2019 година.

На Светското првенство за кадети (до 19 години) ќе учествуваат вкупно 24 репрезентации, што ќе бидат поделени во 4 групи од по 6 репрезентации.

Последен пат РФМ и Македонија организираа Светско Првенство во 2014 година, тогаш за кадетки до 18 години, а во меѓувреме нашата земја постојано е домаќин на големи натпреварувања на континентално ниво.

Во периодот од 20 до 29 јули 2018 година, во Скопје ќе се игра ЕХФ Шампионатот за ракометари до 20 години.

 

Извор: МИА

Би те интересирало и

Пред 16 години Кометал ЃП стана европски првак (Видео)

На 19 – ти мај во 2002 година во салата на СРК „Кале“ во Скопје ...

Вардарки отпатуваа за Будимпешта по посакуваната титула

  Ракометарките на ЖРК Вардар попладнево отпатуваа за Будимпешта на „фајнал-фор“ турнирот во Лигата на ...