Македонија носител на група за квалификациите за ЕП 2020 – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Македонија носител на група за квалификациите за ЕП 2020

Европската ракометна федерација донесе одлука Македонија да биде во првиот шешир за претстојната ждрепка за квалификациите за ЕП 2020 кое ќе се одржи во Шведска, Австрија и  Норвешка.

На ждрепката која ќе се одржи на 12 април во норвешки Тронтхајм, Македонија ќе биде во шешир со репрезентациите на  Франција, , Германија, Хрватска, Данска, Словенија, Белорусија и Унгарија.

Според пропозициите, најдобрите две репрезентации од секоја група, и плус четирите најдобро третопласирани репрезентации ќе изборат пласман на Европското првенство 2020 кое за прв пат ќе се игра со 24 репрезентации. Инаку директен пласман има изборено актуелниот европски првак Шпанија.

ШЕШИР 1: Франција, Хрватска, Германија, Данска, Словенија, Белорусија, Унгарија, Македонија

ШЕШИР 2: Русија, Чешка, Полска, Исланд, Србија, Црна Гора, БиХ, Холандија, Португалија

ШЕШИР 3: Летонија, Литванија, Швајцарија, Словачка, Украина, Израел, Турција

ШЕШИР 4: Финска, Белгија, Естонија, Грција, Романија, Италија, Косово, Фарски Остр

Извор: Дерби

Би те интересирало и

Пред 16 години Кометал ЃП стана европски првак (Видео)

На 19 – ти мај во 2002 година во салата на СРК „Кале“ во Скопје ...

Вардарки отпатуваа за Будимпешта по посакуваната титула

  Ракометарките на ЖРК Вардар попладнево отпатуваа за Будимпешта на „фајнал-фор“ турнирот во Лигата на ...