Македонија остана без овци и без овчари – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Македонија остана без овци и без овчари

За време на велигденските празници сточарските стопанства регистрираа најмал откуп на Македонски јагниња.

Намалениот откуп на Македонските јагниња се должи на намалување на грлата на овци во државата, вели потпретседателот на Здружението на земјоделци Меѓит Амити.

Тој истакна дека овчарските стопанства па и индивидуално овчарите, секоја година ги намалуваат грлата на овци. Една од главните причини е ниската цена на јагнешкото месо која според него ја диктираат кланиците во Македонија кои вршат монопол на откупот, затоа што државата се уште не дозволува да се извезуваат македонските јагниња живи.

Индивидулните сточари кои чуваат по стотина грла овци, забележуваат дека грлата на овци во Македонија се намалуваат и поради неможноста да се најдат овчари во земјава, па сточарите се принудени да ги продаваат овците.

Во Македонија според проценките има околу 400 000 овци. Бројката на овој вид стока за разлика од пред 20 гподини, е намалена за четири пати.

Зоран Димовски

Би те интересирало и

Вработените во „Еурокомпозит“ повторно го блокираа патот Градско-Прилеп

Дел од вработените во прилепскиот загубар-државната компанија „Еурокомпозит“ денес со нови протести. Во временскиот интервал ...

Полимерни банкноти од 10 и 50 денари од 15 мај

Од 15-ти следниот месец Народната банка на Република Македонија првпат воведува полимерни банкноти со апоенска ...