Македонија – Page 265 – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Последни вести

Денес православните христијани го слават Божиќ

Православните христијани во Македонија денеска го слават Рождеството Христово-Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуват божикни литургии. Централното одбележување е во Соборниот храм Свети Климент Охридскиво Скопје, каде што архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи Златоустова литургија. По повод Божик, Архиепископот охридски и македонски ...

Повеќе »

Честитка од Зоран Заев за Бадник и Божик

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев за големите христијански празници Бадник и Рождество Христово, Божик, во свое име и во име на партијата, упати честитка до сите граѓани кои ги чествуваат, до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и до членовите на Синодот, ...

Повеќе »

Милошовски, Коневски и Мехмети стануваат нотари?

На 25 декември годинава, писмениот дел од нотарскиот испит го положиле лицата Антонио Милошовски, Ивица Коневски и Ермира Мехмети – пренесе порталот Плусинфо. Ова може да се види од следниот документ на Министерството за правда: Еве го покрупно делот од списокот каде се наведени трите познати имиња: Сепак, Плусинфо нема ...

Повеќе »

Маглата ја намалува видливоста на неколку патни правци

Сообраќајот низ Македонија денеска се одвива без забрани, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Намалена видливост поради појава на  магла до 50 метри има на патните правци Велес ...

Повеќе »

Божика честитка од ФРОДЕМ: Да се врати демократијата

На сите граѓани на Република Македонија и на сите Македонци во светот, им посакуваме среќни и благословени Божиќни празници, со искрени желби во новата 2016та година, добрината, милоста, човечноста и љубовта да постанат белег на Македонското општество – наведуваат од ФРОДЕМ во својата божикна честитка. Пред повеќе од 2000 години, ...

Повеќе »

Тројца кавадарчани предозирани со алкохол на коледарските огнови

Тројца кавадарчани кои се предозирале со алкохол изминатава ноќ побарале медицинска помош – информираше денеска Антоан Паракеов, началник на Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Кавадарци. „Како по некое непишано правило, во текот на една календарска година, најмногу лица предозирани со алкохол имаме за време на коледарските огнови. ...

Повеќе »

Честитка од Иванов: Сплотени во текот на целата година

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов упати честитка до архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и до сите христијани, по повод големиот празник раѓањето Христово – Божиќ. „Дозволете ми, до Вас лично, до сите верници од православна вероисповед, до членовите на Светиот архиjерејски синод и до целото свештенство и ...

Повеќе »

Случај со родилката во Гевгелија: Детето било родено живо, мајката починала од насилна смрт

Детето не е мртвородено, туку живеело десет минути и имало развиено органи за живот, заклучиле обдуцентите од судска медицина-информира Телма. Тоа умрело како последица на недостатокот на кислородот додека било во утробата на мајката и влез на јаглерод диоксид во белите дробови на бебето. Обвинителството за да ги расчисти сомнежите ...

Повеќе »

ВМРО-ДПМНЕ: Оставката на премиерот Груевски зависи од датумот на изборите

Ако изборите не се одржат на договорениот датум на 24 април, тогаш нема да важи ниту договорот од Пржино, изјавил за Телма, директорот на Центарот за комуникации на ВМРО – ДПМНЕ, Иво Котевски. Тој рекол и дека оставката на премиерот Никола Груевски е условена со датумот на изборите. Политичката криза ...

Повеќе »

Бадникарски огнови во пресрет на Бадник

Во пресрет на Бадник, ќе се запалат огнови во сите маала. Рано изутрина пак, рождеството Христово ќе го најават децата- коледарчиња. И повторно се поставува прашањето – дали палењето на Бадникарскиот оган е пагански или православен обичај. Свештените лица велат дека суштината е во заедништвото, но дружењето треба да биде ...

Повеќе »

Благодарница за АРМ за помошта на населението во Шипковица

Денеска во Министерството за одбрана, на Министерот Зоран Јолевски, му беше претставена благодарница за помошта која ја пружи Армијата на Република Македонија на населението во Шипковица за време на поплавите од минатиот август. Благодарницата за Армијата на Република Македонија ја доделија претставниците на месната заедница на Шипковица кои ја изразија ...

Повеќе »

МАРнет го демантира Кицаровски

Макадемска истражувачка мрежа (МАРнет) денеска најостро ги демантира тврдењата на дополнителниот заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски изнесени на вчерашната прес конференција. МАРнет веќе пет години функционира како самостојна јавна установа без ниту една дамка на своето работење и претставува лидер во регионот за електронска ...

Повеќе »

Опозицијата бара од ДИК увид во дипломата на Бонева

Социјал-демократскиот сојуз заедно со своите коалициони партнери поднесе барање до Државната изборна комисија во најкус можен рок да им биде овозможен пристап кон оригиналната диплома и уверение за завршен VII степен стручна подготовка на избраниот член на ДИК, Силвана Бонева. Исто така, опозиционерите бараат увид на документацијата за должината на ...

Повеќе »

Охриѓани бараат референдум за изградбата на експресниот пат, ски центарот и туристичките зони во НП Галичица!

Охриѓани да се изјаснат на референдум за најавените развојни проекти на владата кои таа планира да се реализираат во заштитените зони на Националниот парк Галичица. Ова беше предложено на јавната расправа по однос на ревидираниот извештај за стратегиска оцена на влијание врз животната средина на предлог измените на Планот за ...

Повеќе »

Општина Кочани продава 14 парцели

Општина Кочани излезе со нова објава за отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање. Предмет на наддавањето е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со деталнитe урбанистички планoви за град Кочани. Со објавата се нудат 14 парцели за индивидуално домување, од ...

Повеќе »