Македонијо радувај се, Вардар е во финале

Ракометарите на Вардар успеаја да се пласираат во финалето на фајнл-фор турнирот од Лигата на шампионите. Победа над Барселона од 26:25 со гол на Лука Циндриќ на три секунди пред крај за потврда на маестралната сезона и закажување на дуел против Пари Сен Жермен. Почетните моменти и’ припаднаа на Барселона која што успеа да дојде и до водство од 8:5 – јави порталот Спорт медиа.

По пауза од неколку минути, откако Каталонците останаа со играч помалку, Кањељас упати одлична топка до Душебаев за намалување на 6:8. Одличната одбрана на Вардар по која беше досуден пасивен напад за противникот беше успешно реализирана од Македа за 7:8.

„Црвено-црните” имаа можност и за израмнување, но, повторно на голот се истакна де Варгас кој дојде до петтата одбрана. Борозан повторно демонстрираше мајсторски удар од далечина за 8:9, но, одбраната не функционираше најдобро. Конечно, Вардар дојде до израмнување од 10:10 во 23 минута откако Душебаев го најде патот до голот на де Варгас. Сепак, Мем повторно ја донесе Барса во предност.

Борко Ристовски за првпат застана на голот при седмерецот на Иван Чупиќ, кој со прекрасен лоб успеа да донесе израмнување на 11:11. Судиите го оштетија во мала мерка Вардар откако беше досуден фаул во напад, а наместо тоа требаше да биде признаен голот во напад за нас. Во наредната атака, Македа доби две минути исклучување, но, тоа не му пречеше на Игор Карачиќ за да ја украде топката и да погоди од пола терен за 12:11 на две минути пред крај. Но, Кире Лазаров за прв пат ја погоди мрежата на Вардар во последната минута за ново израмнување.

Одбраната во продолжението на чело со маестралниот Штербик прими само четири погодоци и сосема заслужено на полувремето водиме со 13:12

Штербик продолжи со своите маестрални интервенции, а по својата последна го спречи Морос, по што Душебаев во 34. минута даде гол за 15:14. Вардарци останаа на иста висина и најчесто беа еден чекор пред Барселона (18:17). Алекс Душебаев искористи одбивање и за прв пат му донесе предност на Вардар од 19:17. Кире Лазаров намали на еден гол, а Штербик повторно блесна откако му одбрани на Ривера удар од седум метри.

Втор пат денеска Перез де Варгас успеа да одбрани „цепелин”, но, за среќа нападот на Барселона не успеа тоа да го искористи. Напротив, Алекс Душебаев со мајсторски ролинг даде нов гол за 20:18.

Лазаров полека влезе во форма и повторно најде решение за Штербик (20:19). Чупиќ по шести пат го најде патот до голот на Барселона, но, повторно Кире намали, овој пат за 20:21 во 50. минута.

„Црвено-црните” направија две едноподруго грешки во нападот а Арињо израмни на 21:21. По подолго време, Барселона успеа да поведе откако Нгесан направи одигра одлично во нападот. Душебаев повторно направи одличен пробиц и ја протна топката под нозете на де Варгас (22:22).

Штербик повторно блеска, а во нападот тоа го искористи Циндриќ кој успеа да извади седмерец. Ристовски застана на голот да го одбрани ударот на Чупиќ, но, за среќа не успеа. Вардар поведе со 24:23 во 28 минута.

Кире, на свој, мајсторски начин и донесе ново реми на Барселона (24:24). Но, Лука Циндриќ со нов пробив даде гол за 25:24. Кире Лазаров, на 20 секунди пред крајот стрелаше за реми од 25:25.

Лука Циндриќ во последните мигови го даде победничкиот гол за 26:25 по кој Вардар се пласираше во финалето. Иван Чупиќ и Алекс Душебаев со по седум голови беа најефикасни кај нас, додека шесте голови на Лазаров не беа доволни за финале.

Утрешното финале меѓу Вардар и ПСЖ е со почеток од 18:00 часот.

 

Извор: www.sportmedia.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Чупиќ: Освоивме важни бодови

Европскиот шампион Вардар триумфално ја почна одбраната на трофејот со гостинска победа кај Висла Плоцк ...

Металург на стартот од новата сезона гостува во Франција

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург попладне го игра првиот натпревар од новата сезона од Лигата на ...

Close