Македонската литература на Саемот на книга во Франкфурт

Повеќе од 400 наслови од над 250 македонски автори, наградувани и преведувани, меѓу кои и 70 наслови од македонски автори преведени на европски јазици ќе бидат изложени на штандот на Република Македонија на Саемот на книга во Франкфурт, кој ќе се одржува од 11 до 15 октомври.

Претставувањето на Македонија на Саемот во Франкфурт годинава е во организација на Македонската асоцијација на издавачи.

„Во текот на саемските денови ќе бидат претставени пред се’ примероци од современата македонска книжевност, македонските автори кои веќе имаат објавено преводи на странски јазици, а фокусот на претставувањето ќе биде преведувањето на македонската книжевност на странски јазици“, рече пртеседателот на Македонската асоцијација на издавачи Бојан Саздов. Додаде дека ќе го потенцираат квалитетите на македонската книжевност, ќе работат на привлекување на интересот на странските издавачи и ќе го презентираат фондот на Министерството за култура за превод на македонска книжевност на странски јазици.

За 14 октомври во 12 часот во еден од промотивните центри на саемот е предвидена панел дискусија на тема „Предизвиците на патот кон меѓународна афирмација на книжевност на ,малите јазици’“. Предвидено е да учествуваат претставници од Словенечката агенција за книга, еден од нашите напреведувани автори Лидија Димковска, Стефано Бисачи, италијански агент и сопственик на агенцијата „Темпи иреголари“ и потпретседателот на Здружението на грузиските издавачи.

Саемот на книга во Франкфурт е најголемиот настан на меѓународната издавачката индустрија. Годинава ќе има околу 7.300 изложувачи од повеќе од 100 земји и околу 300.000 посетители. Предвидени се околу 4.000 настани и присуство на повеќе од 10.000 акредитирани новинари, вклучувајќи и 2.400 блогери.

Би те интересирало и

Гостување на Искра Шукарова во Амстердам

Искра Шукарова е поканета од страна на театарската академија SNDO – School for New Dance ...

Полицијата во Берлин заплени 100 украдени предмети на Џон Ленон

Полицијата во Берлин заплени 100 украдени предмети што му припаѓале на Џон Ленон, меѓу кои ...