Македонската филхармонија сними видео запис за нова песна од Тоше Проески – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Македонската филхармонија сними видео запис за нова песна од Тоше Проески

Крушево денеска го одбележува  роденденот на музичката  ѕвезда Тоше Проески, кој загина  во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска.

По тој повод, локалната самоуправа на Крушево, во соработка со спомен куќата „Тодор Проески“, меѓународната фондацијата „Тоше Проески“ и со крушевското средно училиште „Наум Наумовски Борче“ на 25-ти јануари во Спомен куќата „Тодор Проески“ организира музичка манифестација.

Во Крушево веќе пристигнуваат фановите од Македонија и од Балканот да го одбележат роденденот на Тоше, кој денеска требаше да наполни 37 години.

Во неговиот роден град е и директорот на Македонската филхармонија, кој оттаму информира дека веќе снимиле и видео запис на една од песните на Тоше.

„Претходната недела снимивме спот заедно со гудачката секција на Македонската филхармонија на новата песна When I got the sunlight, која наскоро ќе биде објавена на концертот што ќе се одржи во салата Борис Трајковски во Скопје“, потенцираше Илиевски.

Во меѓувреме, во скопје во тек е крводарителската акција во Домот на АРМ.

Би те интересирало и

Вечерва во Битола премиера на претставата „Коцкар“

„Коцкар“ е името на претставата која вечерва премиерно ќе биде изведена во Народниот театар-Битола. Со оваа ...

Комисијата за музика од страв да не утне, го оплеска конкурсот за национални проекти

Кој ќе понесе одговорност за скандалот во кој поради утка на Комисијата за музика и ...