Македонската филхармонија со „Петре и волкот“ гостува во Прилеп и Битола – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Македонската филхармонија со „Петре и волкот“ гостува во Прилеп и Битола

filharmonijaN

Македонската филхармонија денеска и утре гостува во Прилеп и во Битола, каде што под диригентство на маестро Борјан Цанев ќе се претстави со симфониски концерт наменет за најмладите. Оркестарот ќе настапи во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, односно утре во Центарот за култура во Битола, кога со почеток во 18 часот ќе ја изведе популарната оркестарска свита „Петре и волкот“.

„Петре и волкот“ е едно од најпознатите дела на рускиот композитор Сергеј Прокофјев и е неизоставен дел од репертоарот на сите симфониски оркестри, особено во театрите за деца. Свитата е напишана за наратор и оркестар, чии поединечни инструменти или групи на инструменти ги претставуваат ликовите во приказната. На тој начин, младите слушатели се запознаваат со составот на оркестарот.

Гостувањето на Македонската филхармонија во Битоле и Прилеп е дел од мисијата на оваа институција да влијае врз музичката едукација на младите и во другите градови во Македонија. Со претставата „Петре и волкот“, Македонската филхармонија неодамна гостуваше во Струга и во Гевгелија, каде настапи пред преполни сали, а концертите беа проследени со овации.

Би те интересирало и

Одбележани 112 години од раѓањето на етномузикологот Васил Хаџиманов

Васил Хаџиманов е еден од најголемите и најупорните македонски истражувачи од областа на етномузикологијата, мелографијата и ...

Вечер се дочекува Стара нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, ...