Македонските кошаркари убедливи против Словачка – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Македонските кошаркари убедливи против Словачка

Македонската кошаркарска репрезентација ја совлада Словачка со 87-74 во СЦ „Јане Сандански“ за трета победа во групата А од претквалификациите за Евробаскет 2021.

Предводени од триото Ричард Хендрикс – Бојан Трајковски – Војдан Стојановски, нашите репрезентативци мечот го отворија со 25-21 во првиот период, а на полувреме водеа со 52-37.

Предноста беше доволна за рутинирано второ полувреме во кое селекторот Давитков им даде шанса на сите играчи со кои располагаше во ростерот.

Македонија се зацврсти на врвот на табелата со максимални три победи.

Извор: Слободен Печат

Би те интересирало и

Леброн: Треба повеќе да работиме

Најдобриот кошаркар на Кливленд, Леброн Џејмс, не беше многу задоволен по првата победа на неговиот ...

Евролига: Будуќност мора да ги исполни условите како и сите други

  За да игра во елитната Евролига, кошаркарскиот шампион во АБА, тимот на Будуќност ќе ...