Македонските програмери на видеоигри ќе учествуваат на DevPlay 2017

Програмерите на видеоигри од Македонија се поканети да бидат учесници на првата конференција за програмери на видеоигри од Источна Европа – DevPlay 2017.

Конференцијата се одржува во Букурешт, Романија, на 11 и 12 септември годинава. Домаќин на настанот е Романската асоцијација за развој на игри (RGDA) и на конференцијата ќе говорат седумнаесет интернационални говорници од индустријата за развој на видеоигри, два дена ќе се организираат панел дискусии, сесии за претставување, семинари и работилници.

„Првото издание на DevPlay ги потврди нашите очекувања: романската индустрија за програмирање игри имаше потреба од посветена конференција за да ја осигура нејзината позиција како една од најважните креативни индустрии на романскиот пазар и како една од лидерите на локалните индустрии за развој на игри во регионот. Со овогодишното издание, Романската асоцијација за програмирање игри (РГДА) планира да додаде импресивно влијание генерирано од минатогодинешната конференција за и понатаму да придонесува за развојот на заедницата на програмерите на игри во земјата, но и во регионот. Како резултат на тоа, нашата цел е да собереме што повеќе ресурси кои ќе помогнат во порамнување на постојаното менување на стандардите во индустријата. Ние сме позитивни дека DevPlay има потенцијал да прерасне во вистински ХАБ за индустријата за развој на игри во Источна Европа“, изјави Каталин Бутнариупретседател на РГДА.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Најмногу дожд изминатите 24 часа наврна во Дојран

Најмногу дожд во изминатите 24 часа се наврнати во Дојран. УХМР регистрира 88 литри на ...

На граничниот премин Делчево во прекин е сообраќајот за товарни возила

Утрово на граничниот премин Делчево поради проблем со компјутерски систем на царината, во прекин е ...