Македонските ракометарки се подготвуваат за квалификациите за СП 2017

makedonski-zenski-rakometarki
Селекторот Симе Симовски тренинзите ги одржува во СЦ „Јане Сандански“, а репрезентацијата за Фарските Острови ќе замине во четврток од Скопје за Истанбул преку Копенхаген до Торшавн.

– Направена е стратегија со Ракометната федерација на Македонија и ќе се обидеме да направиме резултат. Се наоѓаме во интересна група, во која како фаворити се селекциите на Австрија и на Исланд, додека енигма ни е селекцијата на Фарските Острови за која немаме никаков видео материјал.

Во првото коло Македонија во петок (2 декември) игра со домаќинот Фарски Островски, следниот ден ривал е селекцијата на Австрија и во третото коло против Исланд.

Двете првопласирани селекции ќе играат во баражот за Мундијалот.



Додади коментар

Би те интересирало и

kire lazarov

Лазаров најдобар стрелец по осминафиналната фаза на СП

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров останува најефикасен играч и по осминафиналните пресметки на ...

svetsko-prvenstvo-rakomet

СП 2017: Хрватска лесно против Египет, познати сите четвртфинални двојки

Репрезентацијата на Хрватска синоќа го совлада Египет со 21:19 во последното осминафинале на Светското ракометно ...

Close