Македонските јунори на силен кошаркарски турнир Истанбул

Кошаркарската репрезентација на Македонија за играчи до 18 години е во Истанбул, каде во наредните пет дена ќе учествува на пријателски меѓународен турнир.
За репрезентацијата која првиот собир го одржа пред две седмици ова ќе биде првиот официјален тест пред нивниот настап на Европскиот шампионат.

„Оваа екипа како колектив заедно тренира веќе десетина дена и овој турнир ќе биде добар момент и одличен тест за нас, за да ние видиме точно до каде сме со работата и воопшто со колкав потенцијал располагаме. Пет дена сме надвор од земјата и ќе имаме простор да работиме на тимската хемија. За жал имаме и неколку кошаркари кои се повредени и кои нема да бидат дел од овој пријателски турнир, но што е тука е. Важно е да понатаму бидеме здрави“, изјави Ѓорѓи Кочов, предводникот на оваа репрезентација.

Во рамките на овој турнир предвидени се пет натпревраи, по два со домаќинот Турција и селекцијата на Бугарија, како и дуел против Словачка против која ќе играат денеска.

Утре и задутре (1 и 2 јуни) следуваат дуелите со Турција, а напреварите против Бугарија ќе се играат на 3 и 4 јуни.

Додади коментар

Би те интересирало и

Екс-кошаркарот на МЗТ Скопје, Марко Луковиќ се сели во шпанската АЦБ лига

Поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, Марко Луковиќ кариерата ја продолжува во шпанската Мурсија. Луковиќ, ...

Втор триумф на нашите кошаркари на „Трофејот на Македонија’’

Нашата најдобра кошаркарска репрезентација ја оствари и втората победа на „Тофејот Македонија“ што се одржува ...

Close