Србија: Македонски автобус излетал од патот – четири лица се повредени

Четири лица се повредени во сообраќајна незгода, која се случила во 5.50 часот утрово ан автопатот Белград – Ниш во близина на алексиначкото село Катул. До незгодата дошло кога автобус на транспортната фирма Транспродукт кој сообраќал на линијата Скопје – Белград, од сеуште неутврдени причини излетал од автопатот.

Екипите на итната помош четворица повредени пренесоа до нишкиот Клинички центар. Тројца по дијагностиката се отпуштени зошто немале сериозни повреди, а еден пациент и натаму е во болнциа. Според неофицијалнтие информации на лекување е задржан возачот на автобусот кому најверојатно му се слошило во текот на возењето, што довело до несреќата.

Во Транспордукт соопштуваат дека во моментот на незгодата во автобусот имало 14 патници кои влегле во Скопје.

Додади коментар

Би те интересирало и

Две лица повредени во сообраќајка на автопатот Куманово – Табановце

Две лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајна незгода што утринава околу 11 ...

Аргентина: 15 загинати во автобуска несреќа

Најмалку 15 лица, од кои девет деца, загинаа во сообраќајна несреќа во Аргентина, кога се ...

Close