Македонско културно лето 2017 во Мала Преспа

Со претставата „Маша и нејзината волшебна приказна“ на театарот Крик од Скопје, вечерва во Мала Преспа, Република Албанија, почнува јубилејното 10. Македонско културно лето што го организира Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“.

Фестивалот ќе трае до 31 јули, а продолжува утре со „Гига мега бајка“ на скопскиот Театар за деца и младинци.

Посетителите ќе може да ги видат и претставите „Театар љубов моја“ и „Синиот портокал“ во изведба на Театар Џинот од Велес, како и „Приказните на заборавените претци“ на Народниот театар од Слоештица.

Македонското културно лето ќе заврши со мјузиклот „Циклус Македонија“ на Здружението „Сонце“ пред чие одржување ќе бидат доделени и награди.

Би те интересирало и

Започна пријавувањето за Дедомразовската трка во Скопје

Во недела на 24 декември во Скопје ќе се одржи традиционалната Дедомразовска трка, во која ...

„Живи фосили и ендемити од Охридско Езеро” е насловот на изложбата која е отвоена во Неготино

„Живи фосили и ендемити од Охридско Езеро” е насловот на изложбата која е отвоена синоќа ...

https://www.youtube.com/watch?v=vgXD49WRJkA