Макрон го победи Трамп во “борба со ракување“

Американскиот претседател Доналд Трамп познат по својот цврст стисок при ракување, во Брисел се соочи со рамноправен ривал – францускиот претседател Емануел Макрон, пишува Ројтерс.

Трамп и Макрон толку силно и цврсто се ракувале, што им побелеле прстите. Судејќи по фотографиите, победник е францускиот претседател, Трамп се предал и прв ја отргнал раката, пишува авторот на текстот на Ројтерс. Тој вели дека успехот на Макрон може да `и послужи како пример на германската канцеларка Ангека Меркел која не се ракуваше со Трамп.

Слична ситуација имаше и во Саудиска Арабија, кога претседателот на Таџикистан Емомали Рахмон, на цврстото ракување на Трамп, ја повлече раката кон себе, што предизвика нелагодност која траеше неколку секунди.

Трамп и Макрон во Брисел разговараа за борбата против ДАЕШ и договорија да ги зацврстат сојузничките односи Вашингтон-Париз, соопшти Белата куќа.

Превземено од: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

ЕУ: рекордна казна за Гугл за манипулирање на резултати од пребарување

Повеќето интернет корисници пребарувањето го почнуваат на Гугл. Но често не добиваат соодветни резултати, веќе ...

Холандија соодговорна за смртта на 350 муслимани во Сребреница

Повеќе од 20 години по масакрот врз муслиманите во босанска Сребреница, холандски суд пресуди дека ...

Close