Макфакс: СЈО поднесе жалба на одлуката за притворот на Кочан

Специјалното јавно обвинителство поднело жалба до Кривичниот суд за неопределувањето мерка притвор за бизнисменот Сеад Кочан – дознава Макфакс.

Сега Кривичниот совет треба да го преиспита решението на судијката Даниела Димовска, која го пушти Кочан на слобода. Судот одлучи на Кочан да му биде одземен пасошот, а тој понудил гаранција од околу еден милион евра. Рокот во кој Кривичниот совет треба да одлучи е 48 часа. Доколку ја потврди одлуката на судијата на претходна постапка, тогаш таа е конечна.

Сеад Кочан се сомничи дека преку неговата фирма „Трансмет“, а заедно со фирмите „Силекс неметали“ и „Вато“ со фалсификувани документи добиле тендер од ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра. СЈО го води случајот под кодно име „Труст“.

 

Извор: wwww.makfax.com.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Струшката депонија повторно гори

Откако минатата недела депонијата во Струга беше покриена со земја и песок со цел да ...

Хан: Сите одговорни актери да се сконцентрираат на задачите што претстојат

После сите настани што ги посведочив во оваа земја, драго ми е што можам да ...

Close