Малолетничка загина во сообраќајна несреќа кај Арачиново – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Малолетничка загина во сообраќајна несреќа кај Арачиново

Фото: Архива

Шеснаесетгодишна девојка вчера попладне загинала во сообраќајна незгода која се случила на патот с.Арачиново-с.Брњарци. До несреќата дошло кога дваесетгодишниот Е.Х. од Арачиново, управувајќи го автомобилот, во кој, сега починатата била сопатничка, удрил во бетонска ограда покрај патот.

Неполн час подоцна, починатата девојка била однесена во амбулантата „Пеницилин“ во населбата Ченто, а во сообраќајката со повреди се здобило и осумгодишно девојче, кое било пренесено во Градстка општа болница „Наум Охридски“ и по укажана лекарска помош е пуштена на домашно лекување.

На Е.Х. му е укажана лекарска помош во „8-ми Септември“. Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција.

 

 

 

Би те интересирало и

Гостиварец уценувал девојка со компромитирачки фотографии

Полициската станица Гостивар соопшти дека поднела кривична пријава против Б.Л. (29) од с.Врапчиште-гостиварско, поради постоење ...

Пронајдено уште едно тело во Вардар

Вчера попладне, околу 12,30 часот во Секторот за внатрешни работи Велес било пријавено дека во ...