Малта: Владата понуди награда од милион евра за информации за убиството на новинарката Дафне Каруанa Галиција

ладата на Малта понуди еден милион евра и целосна заштита на секој кој има информации кои би довеле до откривање на убијците на новинарката Дафне Каруанa Галиција.

Taa загина во експлозија на бомба поставена под нејзиниот автомобил.

Владата соопшти дека случајот со убиството на Каруана Галиција е случај од исклучителна важност.

Новинарката беше убиена на 16 октомври, непосредно по излегувањето од нејзиниот дом. Таа соработувала со повеќе малтешки медиуми, а пред сè беше позната по блогот на која откри повеќе скандали за корупција во кои биле вклучени соработници на малтешкиот премиер Џозеф Мускат и неговата сопруга.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Божикното дрво што преживеа удар од гром пристигна во Ватикан

Божикното дрво што пред неколку години во Полска преживеа удар од гром, поставено е на ...

САД ќе испратат авиони на заедничка вежба со Јужна Кореја

Соединетите Американски Држави ќе испратат авиони од типот „Ф-22“ во Јужна Кореја, каде би требало ...