Мал застој во гласањето на едно избирачко место во Кавадарци

Мал застој во гласањето имало денеска на едно избирачко место во Кавадарци.

„Постар брачен пар отишол да гласа. Откако регуларно си изгласал за себе, мажот ги земал и двете ливчиња на сопругата. На едното дури и заокружил место неа. Од страна на избирачкиот одбор му биле одземени тие две ливчиња и интервенирала полицијата. По мал застој гласањето продолжило“, информира Зоран Костов, претседател на Изборна комисија Кавадарци.

Тој истакна дека на сите останати избирачки места гласањето се одвива без проблеми.

До 13 часот во Кавадарци излезноста е 34,7 отсто, Неготино 35,52, Демир Капија 47,53, а Росоман 27,3 отсто.

Би те интересирало и

Денеска се прегласува во Чаир

Во избирачкото место 2901 во општина Чаир денеска повторно се гласа за градоначалник. По вториот ...

Утре ќе се прегласува на едно избирачко место во Чаир

Во општина Чаир во избирачкото место 2901 утре ќе биде повторено гласањето од вториот круг ...