Манчевски: Квалификациите на кадрите во институциите ќе се проверуваат на државен трошок

Се’ уште се бараат соодветни кадри за соодветните позиции. Вчерашната одлука на Владата значи само разрешување на членовите на надзорните  и управните одброи и тоа е дел од реалното преземање на контролата над институциите – изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски одговарајќи на новинарско прашање кога може да се очекуваат нови членови на одборите.

-Процедурата на именување нови членови во надзорните и управните одбори нема да биде завршена на една владина седница. Кадрите во соодветните институции ќе се екипираат постепено – најави денеска министерот, Манчевски.

Според него, можни се и измени во Законот за административни службеници:

„Во законот за сите позиции важат исти критериуми. Од најниското ниво на вработени во јавната администрација до директори, сите мора да имаат тест за англиски јазик, психолошки тест и така натаму“.

Сепак, како што нагласи Манчевски, граѓаните не ги поседуваат сертификатите или тестовите кои се бараат од нив, доколку претендираат за работна позиција во одредена институција. Затоа, смета тој, доколку Државата има потреба од соодветен кадар на свој трошок треба да ја преземе проверката на овие квалификации:

„Не се работи за членовите на одредена политичка партија, туку овие сертификати, документи и така натаму, чинат пари. Да бидеме искрени и реални, нашите граѓани не го поседуваат тоа. Според сегашниот концепт, Државата бара за да аплицирате за каква било позиција, самите да си ги обезбедите и да си ги платите сите потребни документи. Нашиот концепт е поинаков. Го земаме на наша страна процесот на проверка на знаења кај кандидатите. Системот беше така поставен претходно, овие сертификати ги добиваа луѓе на кои им било гарантирано дека ќе ја добијат работната позиција. Како им било гарантирано не знам, но согласно закон никако не може“.

Прашан за тоа, дали новите членови би биле именувани до локалните избори, Манчевски рече дека треба да се имаат предвид ограничувањата согласно Изборниот законик, каде од денот на распишување на избори до нивното одржување многу работи не се можни.

– Ова е процес кој ќе се интензивира во следниот период но никој не може да каже кога ќе заврши – додаде министерот.

 

Вања Мицевска

Додади коментар

Би те интересирало и

Семејствата на киднапираните Македонци од 2001 година, бараат повторно да отвори истрага за овој случај

Семејствата на киднапираните Македонци од 2001 година, бараат македонскиот правосуден систем повторно да отвори истрага ...

Мерките за реформи во правосудството најбројни во Планот 3-6-9

  Министерството за правда веќе има формирано Совет за следење на реформите во правосудството. Истовремено, ...

Close