Манчестер Сити се проби на второто место

Екипата на Манчестер Сити со победата на гостувањето кај Бурнемут со 2:0 и со новите три бодови се проби на второто место на табелата во Премиер лигата.

„Граѓаните“ поведоа со голот на Рахим Стерлинг во 29.минута, а конечните 2:0 ги постави Тајрон Мингс со автоголот во 69.минута. Натпреварот меѓу Бурнемут и Манчестер Сити беше последниот од 25.коло. Манчестер Сити има осум бодови помалку од лидерот Челзи.

Табела: Челзи 60 бодови, Манчестер Сити 52, Тотенхем 50, Арсенал 50, Ливерпул 49, Манчестер Јунајтед 48

Би те интересирало и

Јаховиќ ја доби првата понуда – Рускиот гигант го сака Македонецот!

Македонскиот повремен репрезентативец, Адис Јаховиќ, оваа сезона игра фантастично, а после двата погодоци во вчерашниот ...

Реал не успеа да го победи Тотенхем

Тотенхем, сепак, немаше сили да направи подвиг и да стигне до победа на „Сантијаго Бернабеу“ ...