Манчестер Јунајтед ја одби понудата на Реал за голманот Де Геа

Освојувачот на Лига Европа, Манчестер Јунајтед ја одбил понудата од 68 милиони евра што Реал Мадрид ја испратил за ангажман на голманот Давид де Геа.

Освојувачот на Лига Европа, Манчестер Јунајтед ја одбил понудата од 68 милиони евра што Реал Мадрид ја испратил за ангажман на голманот Давид де Геа, објави „Скај спортс“.

Според оваа информација, ниту три пати поголемата сума што Јунајтед ја плати за трансферот на шпанскиот голман од Атлетико во 2015 година, не беше доволна премиерлигашот да го пушти чуварот на мрежата.

Де Геа има актуелен договор со Јунајтед до 2019 година, но останува да се види дали тој ќе остане во Манчестер со оглед на примамливите понуди кои доаѓаат во клубот. Секако, се очекува и реакцијата на голманот кој во неодамнешното финале во Лига Европа не беше прв избор на менаџерот Жозе Мурињо, туку на голот беше Серхио Ромеро.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Арсенал се „извлече“ на „Сент Мери“, Жиру донесе бод во 88. минута

Арсенал беше на прагот на пораз на „Сент Мери“, но во финишот од средбата гол ...

ФИФА: Во првите 24 часа преку милион барања за влезници на СП 2018 во Русија

Во првите 24 часа од почетокот на вториот круг продажба на влезници за СП 2018 ...