Манчестер Jунајтед го освои англискиот Лига Куп

Манчестер јунајтед со 3-2 го победи Саутемптон и го освои трофејот од Лига Купот. Златан Ибрахимовиќ со два гола беше најзаслужен за триумфот – пишува порталот 24Фудбал.

Манчестер јунајтед и Саутемптон одиграа возбудливо финале со пет голови и повеќе возбудувања по кое се радуваа „црвените-ѓаволи“. Резултатот беше отворен во 19. минута кога Златан Ибрахимовиќ со убав гол од слободен удар му донесе водство на Манчестер јунајтед од 1-0.

По една одлична акција на фудбалерите на Јунајтед, Лингард го зголеми резултатот на 2-0. Но за работите да бидат поинтересни се погрижи Габијадини кој постигна гол пред крајот на првото полувреме и го врати Саутемптон во игра.

Брзо по стартот на вториот дел нов шок за Манчестер јунајтед, Габијадини постигнува уште еден гол за израмнување на 2-2.

Кога се чинеше дека мечот ќе замине во продолженија, на сцена стапи Ибрахимовиќ, кој погоди со глава во 87. минута за 3-2 и трофеј на Манчестер јунајтед во Лига Купот.

Ова е втор трофеј на Манчестер јунајтед под водство на Жозе Мурињо доколку се земе во предвид и освоениот Комјунити Шилд на почетокот од сезоната.

 

Извор: www.24fudbal.com.mk

Би те интересирало и

УЕФА ги објави номинациите за тимот на годината

Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата официјална интернет-страница го објави списокот на фудбалери што се ...

Тевекио повеќе не е прв човек на италијанскиот фудбал

Карло Тевекио замина од функцијата претседател на Фудбалскиот сојуз на Италија. Тевекио ја напушти функцијата ...