Мароко од безбедносни причини ја забранува продажбата на бурки

burki

Во Мароко од безбедносни причини забранета е продажба и производство на бурки – пренесуваат локални медиуми.

-Забраната се однесува на бурки кои прекриваат цело лице, додека голем дел од жените во Мароко носат марами без вел или никаб. Иако Владата не издаде никаков официјален документ за забрана на производство и продажба на бурки, на производителите и продавачите им се пристигнати писмени известувања, односно предупредувања да престанат да произведуваат и продаваат – објави весникот „Индепендент“.

Според мароканските медиуми, тоа е поради безбедносни причини и дека голем број криминалци користат бурки за да го скријат својот идентитет.

Претставници од тасмошното Министерство за внатрешни работи посетиле голем број продавници за да предупредат дека ризикуваат во следните 48 часови да им бидат конфискувани сите прозводи доколку не ги претворат бурките во нешто друго или да се ослободат од нив.

Додади коментар

Би те интересирало и

Најмалку 148 луѓе загинаа откако се преврте и се запали цистерна со нафта во Пакистан

Цистерна со нафта се преврте и се запали на автопат во Пакистан при што загинаа ...

Полскиот претседател потпиша закон за ограничување на пристапот до контрацепцијата

Полскиот претседател Анджеј Дуда потпиша закон со кој се ограничува пристапот до „таблетите „ден потоа“, ...

Close