Марш на работничките мантили: Осми декември е новиот Први мај!

15418440_1797410953831124_35833048266520982_o

За да се случат промени, потребни сме сите – ова е мотото на вчерашниот собир, преку кој текстилните и кожарските работници го искажаа незадоволството од условите во кои работат. Местото на збиднувањето беше градот на текстилната индустрија – Штип каде пристигнаа стотици работници од целиот источен регион на земјава.

„Многу нереалности има во конфекциите, односно во текстилните фабрики. Не можеш да 15440544_1797411373831082_7119070094739493975_oземеш боледување, нема хранарина и патарина, нема плата, ништо нема, а во договорот има се’. Јас бев вработена во конфекција и не се срамам, јавно ќе кажам дека од работа ме избркаа мајсторицата и техничката директорка“ – ова е дел од говорот на една од текстилните работнички, кои вчера јавно проговорија за условите на работното место.

Штипјанката, Весна Спасовска вели дека ја избркале од работа со измислица дека има криминално досие:

„Јас не сум криминалец и слободно можам да шетам низ државава, а тоа да го кажам пред сите. Сега не можам ни да се лекувам затоа што немам ни здравствено осигурување ни ништо.“

Овој настан кој ги обедини текстилните работници пред Културно уметничкиот центар „Текстил“, е во организација на Здружението „Гласно“. Маршот е дел од кампањата „Мрдни со прст“.

„Осми декември е нашиот Први мај!“, порача претставникот на ова Здружение, Горан Трајков.

„Секоја година на оваа дата ќе се собираме во поголема бројка и ќе ги презентираме сите постигнувања од нашето делување и работење“, потенцира Трајков.

15419731_1797597167145836_3552324616885922871_o

За поддршка пристигнаа и стечајните работници од Куманово.

„Изгубивме се’ затоа што не бевме сложни другари! Мојата порака е да бидете сложни, зашто сто души не се наоѓаат одеднаш, а вие ќе дојдете барем до некое минимално решение. Во Куманово ситуацијата е иста – сопствениците исплаќаат К 15, па работниците мораат да го враќаат. Секаде е беда и сиромаштија. Настапувајте заедно. Сите тие сопственици соработуваа со Синдикатите, другарки и другари мои, отворија фирми па работи рајо, а јас ќе бидам газда! Немојте тоа да го дозволите и кажете стоп за насилство и малтретирање, а да за поголеми плати“, изјави Лилјана Ѓорѓиевска.

15403632_1797410453831174_4119153490347346973_o

Организаторите инаку, сметаат дека токму со вакви акции ќе се подигне свеста кај работниците за нивните права и ќе се информираат за начините на кои тие можат да реагираат во случај на нивно прекршување.

Иницијативата е дел од кампањата „Мрдни со прст“ која има за цел подигнување на јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно.

Додади коментар

Би те интересирало и

Национален форум „Граѓаните за промени – Ден на граѓанските организации“

Во рамки на на кампањата „Заедно зборуваме – Together we Speak“ на ЦИВИКУС – Светската ...

Без струја утре делови од Гази Баба и Илинден

Населени места во општините Гази Баба и Илинден утре во одредени делови од денот ќе ...

Close