Масовна евакуација поради пожарите во Франција

Над 10.000 луѓе се евакуирани поради пожарите што ја зафатија југоисточна Франција, соопштија властите. Стотици пожарникари се борат со огнената стихија во близина на Борме ле Мимос.

Франција побара помош од своите соседи. Во пожарот изгоре околу 4.000 хектари земјиште крај брегот на Медитеранот, во планинскиот дел и на островот Корзика, пренесува Би-би-си.

Ова е еден од најлошите пожари што досега ја зафатиле Франција, се прошири и го зафати и популарниот ресорт Сен Тропе.

На Корзика стотици домови се евакуирани. Над 4.000 пожарникари со водни бомбардери се обидуваат да ги изгаснат пламените јазици уште од понеделникот. Најмалку 12 пожарникари се повредени и 15 полицајци се погодени од вдишување на чад, соопштија властите.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Силен земјотрес го погоди островот Ероманго

Силен земјотрес со магнитуда од 6,4 степени го погоди островот Ероманго во државата Вануату во ...

Макрон повика на формирање контакт група за Сирија

Францускиот претседател Емануел Макрон во обраќањето пред Генералното собрание на ОН повика на формирање на ...

Close