Мастерс Рим: Фоњини го декласира Мари

 

Италијанскиот тенисер Фабо Фоњини ја продлабочи кризата во која се наоѓа светскиот број 1, Енди Мари. Фоњини во второто коло на Мастерсот во Рим го победи Британецот со 2:0 (6:2, 6:4).

Фоњини, 29 на АТП листата, одигра брилијантен меч и буквално го декласира Мари, кој го запиша вториот пораз на последните четири мечеви.

Британецот од турнирот во Дубаи, каде на почетокот на март ја освои титулата, нема пласман во ниту едно финале.

Мари немаше решение за играта на Фоњини, кој со разорниот форхенд го растури противникот. Италијанецот мечот го заврши со 31 директни поени, од кои 21 беа форхенд винери.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Стотици Македонци настапија на ,,ТРЧАЈ, ИГРАЈ, АКТИВИРАЈ СЕ” (галерија)

„ТРЧАЈ, ИГРАЈ, АКТИВИРАЈ СЕ” беше мотото под кое вчера на кејот на реката Вардар, стотици ...

Пандев му го даде најубавиот подарок на Трајковски

Капитенот на нашиот национален тим и на вчерашниот меч направи гест кој што заслужува почит. ...

Close