МВР: Внатрешна контрола самостојно ќе одлучува за настаните од 27 април

 

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија денеска преку соопштение го поздрави повикот на Македонскиот полициски синдикат за правично и непристрасно утврдување на фактите во врска со настаните што се случија во Собранието на Република Македонија на 27 април годинава, и додаде дека ќе ја почитува автономијата на Одделот за внатрешна контрола.

– Министерството високо ги цени ваквите сугестии и потенцира дека секогаш било и ќе биде на страната на правдата и почитувањето на законските прописи. Меѓутоа, министерот Агим Нухиу и останатите одговорни лица во Министерството немаат намера да се мешаат во работата на Одделот за внатрешна контрола и Работната група која ги истражува настаните од 27 минатиот месец во Собранието. Доследно ќе се почитува нивната автономија и професионалност во донесувањето одлуки. Согласно тоа, Министерството за внатрешни работи верува дека Одделот за внатрешна контрола ќе донесе правно издржани одлуки во врска со сите поединечни случаи – стои во соопштението од МВР.

Министерството, воедно, наведуваат оттаму, го информира Синдикатот и јавноста дека поведувањето дициплинска постапка и временото отстранување од работното место не значи автоматски престанок на работниот однос.

Од Министерството за внатрешни работи упатуваат повик до одговорните во Македонскиот полициски синдикат за средба во кабинетот на министерот во време кое нив им одговара.

– Само на тој начин, со заедничко партнерско делување, ќе можеме да придонесеме во решавање на овој и на сите други проблеми што ги засегаат членовите на синдикатот и сите вработени во Министерството – се наведува во соопштението од МВР.

Би те интересирало и

ВМРО- ДПМНЕ: Само граѓаните на референдум може да одлучат околу спорот што го има Грција со нашето име

Одлуката околу решението на проблемот кој што Република Грција го има со нашето име не ...

Кривична пријава за поранешната директорка на Завод и Музеј Охрид

Поранешната директорка на Завод и Музеј Охрид заработи кривична пријава поради големата финансиска штета врз ...