МВР да донесе решенија за вработување на полициските приправници, бара Независниот полициски синдикат – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

МВР да донесе решенија за вработување на полициските приправници, бара Независниот полициски синдикат

МВР итно да донесе решенија за вработување на полициските приправници кои и по три месеци од положувањето на приправничкиот испит се’ уште извршуваат приправнички работи. Ова е барањето што што денеска на прес конференција го упати Независниот полициски синдикат.

Претседателот на комисијата за приправници, Мартин Ефремов нагласи дека со неносењето на решенијата, на секој приправник му се нанесува штета по околу 10.000 – 15.000 денари месечно.

„Бараме од МВР веднаш да донесе решенија за оваа категорија на вработени и да најде начин да ги обештети по основ разлика на плати и придонеси во периодот од положувањето на приправничкиот испит, до донесувањето на решение за вработување на неопределено време“, апелираше Ефремов.

Според него, освен решенијата, проблем за оваа категорија на вработени е тоа што се оставени без никаква полициска униформа:

„Овој проблем се случува со последната класа од 603 примени полицајци и истото се случуваше со претходната класа од 400 полицајци. Бараме од МВР и од министерот сериозно да се заложи за решавање на проблемите на овие вработени и да размисли, кој свесно ја убива желбата за работа на младиот полицаец од самиот почеток на неговата кариера“, изјави Ефремов.

Тој соопшти дека во јануари годинава веќе поднеле предлог до МВР барајќи надомест на штета на повеќе рати, но се уште не добиле одговор. Ефремов реагираше и бидејќи додека тие чекаат решенија за вработување, во Скопје се носат на испомош полицајци од други градови.

Би те интересирало и

25 години ФООМ:Отвореното општество во Македонија исправено пред предизвици кои треба да ги надмине

  Македонското општество од една фаза на децениско перманентно затворање, почнува да се отвора и ...

Имињата за новите министри утре ќе бидат доставени до Парламентот

Премиерот Зоран Заев утре до Парламентот ќе ги достави новите имиња за реконструкција на Владата. ...