МВР приведе криминална група што транспортирала кокаин и марихуана – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

МВР приведе криминална група што транспортирала кокаин и марихуана

Македонската полиција во координација со српската, но и со Јавното обвинителство за гонење организиран криминал идентификувала и успеала да сузбие организирана криминална група составена од шест лица кои недозволено тргувале со наркотици, кокаин и марихуана, при што уапсени се пет лица, а едно лице од групата е во притвор во Србија.
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски на денешната прес-конференција информираше дека како резултат на криминалните активности на групата, во текот на 2017 година на територија на Република Србија биле запленети 128,67 килограми марихуана, како и 440 грама кокаин и 1.330 грама смеса за мешање фанацетин и манитол.
– По низа оперативни мерки и активности вчера врз основа на судска наредба извршени се претреси на неколку локации на подрачје на Тетово и Прилеп. Обезбедени се докази за два транспорти на наркотична дрога и остварена е соработка помеѓу МВР и ЈО на Република Македонија и Република Србија, изјави Ангеловски.
Посочи дека во првиот случај е утврдено дека лицето Н.Д. (33) во Прилеп и Б.Е. (43) во Тетово во текот на септември минатата година од лице од Белгија набавиле околу 0,5 килограми кокаин по цена од 25.000 евра и смеса за мешање со намера со автомобил да го пренесат од Белгија во Република Македонија.
– На 23.09.2017 година на излез од Република Србија на граничниот премин Прешево од страна на српски полициски и царински службеници сопрено е возило мерцедес со белгиски регистарски ознаки управувано од Н.Д. по што истиот се дал во бегство, илегално ја преминал границата и влегол во Република Македонија. Во возилото пронајдени се два пакети наркотична дрога кокаин и смеса за мешање, рече Ангеловски.
Во рамки на вториот случај, рече Ангеловски, утврдено е дека лицето Ј.И. (41) од Тетово набавил наркотична дрога марихуана, ја складирал на територија на Косово, по што заедно со лицето А.М (53) од Тетово ја сместиле во товарно моторно возило  и го ангажирале лицето И.И. (70) од Тетово да изврши трнспорт на марихуана за одреден паричен надомест од Косово до Србија.
МВР ќе поднесе кривична пријава против лицата Н.Д., Ј.И, А.М., Е.Б., И.И., за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и репрекурсори.

Би те интересирало и

Млад кривопаланчанец,актуелен советник во Општината од опозоциската ВМРО ДПМНЕ, под дејство на алкохол викендов навредувал и се заканувал на полициски службеници

За време на викендот,22 годишен жител на Крива Паланка,лице кое се наоѓа на висока позиција ...

Маж обесен, жена во бессознание откриена дрога кај лица од Демир Капија и Кавадарци

Тежок викенд во Тиквешијата. Синоќа некаде околу 21 часот,млада жена на возраст од 37 години ...