Медитацијата го чува мозокот

Лицата кои долготрајно медитираат имаат забавено губење на мозочната маса на постара животна возраст, покажа ново истражување. Лицата кои се занимавале со медитација просечно 20 години имале поголем волумен на мозокот од просечно лице, објавија научници во списанието „Frontiers in Psychology“.

Се знае дека волуменот на сивата маса се намалува со годините, а истражувачите очекувале дека ќе видат повеќе мозочна сива маса само во одредени делови на мозокот меѓу лицата кои со години се занимаваат со медитација.

– Гледаме дека тој ефект е проширен на целиот мозок, вели Флоријан Курт од Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес.

Курт вели дека неговиот научен тим врз темел на ова истражување не може да утврди дека медитацијата довела до помало губење на мозочната маса бидејќи и други навики на тие лица можеле да влијаат на волуменот на мозокот.

Претходни истражувања покажале дека медитацијата може да да го подобри вниманието, помнењето, говорот, креативноста и способноста за работа.

Во рамки на истражувањето научниците го снимале мозокот на 50 лица кои се занимаваат со медитација и на 50 лица од општата популација на возраст од 24 до 77 години.

Снимките на мозокот покажувале дека мозокот со годините се намалувал, но кај лицата кои се занимавале со медитација бил подобро зачуван.

– Ова истражување покажало дека е вредно да се размисли за медитацијата, вели Курт.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

3 масла за брз раст и помалку опаѓање на косата

Кокосовото масло е најдоброто природно масло против опаѓање на косата, бидејќи продира длабоко во влакното ...

Почетокот на настава пред 08.30 часот предизвикува депресија кај учениците

Почетокот на настава пред 08:30 часот наутро го зголемува ризикот од депресија и анксиозност кај ...