Мексиканец и рекол на својата жена дека ќе оди по цигари, а завршил во Русија

– И реков на жена ми дека ќе одам до локалниот супермаркет да купам цигари, али не и реков каде точно ќе одам. Веројатно не ни очекувала дека ќе отидам преку Атлантикот, им одговори Аргусто Гарсија на новинарите за својата авантура.

Фудбалскиот фанатик од Пеубле, Мексико и и кажал на својата жена дека ќе оди да купи цигари, но тој право заминал на аеродромот и со првиот лет полетал за Германија, а во Германија се одморил и потоа право отишол за Русија, само за да ја гледа утакмицата на својата земја во Купот на Федерациите.

Негоава авантура била повеќе од занимлива. Прво отпатувал до аеродромот во Ментереј, па со авион слетал во Волсбург, каде што го пречекале некои негови роднини со кои се забавувал неколку часа. Додека играл фудбал на локалното игралиште тој си ја и повредил ногата, а лекарите му советувале да остане и да одмори, но тој со колата на својот пријател заминал на пат за Русија, поточно во Казан каде се приклучил на стотината мексикански навивачи. Жена ми не ни имаше поима дека ќе ги потрошам сите заштедени пари за ова патување.

Цената за мене не е важна. Едноставно што ми е важно е да бидам со нашите фудбалери.

Мексико во тој меч ја победи Русија до 2:1, но веќе во следната утакмица изгуви од Португалија во продолженијата.

Би те интересирало и

Се’ за храна: Како стаклото на рерната да заблеска исто како ново?

Дали редовно ја чистите рерната на вашиот електричен шпорет, а сепак стаклото на рерната секогаш ...

Божикно дрво погодено од гром, пристигна во Ватикан

Божикното дрво што пред неколку години во Полска „преживеа“ удар од гром, е поставено на ...