Меси ги шокираше сите со клаузулата која ја стави во новиот договор – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Меси ги шокираше сите со клаузулата која ја стави во новиот договор

Лионел Меси во својот нов договор кој го потпиша со Барселона на 25. ноември ставил мошне интересна клаузула која сега откако протече во јавноста ги изненади многумина.

Имено Аргентинецто ставил точка од договорот која се однесува во случај на независност на Каталонија, пренесува „Ел Мундо“.

Имено клаузулата се состои во тоа што доколку Каталонија се отцепи од Шпанија, тој може Барселона да ја напушти без никаква оштета.

Сепак и да се случи отцепување, Меси би останал во Барселона но под услов таа да игра во шпанската, француската, англиската и германската лига, но не и италијанската Серија А.

За потсетување Меси с Барселона потпиша нов четиригодишен договор кој важи до 30. јуни 2021 година, а откупната клаузула за него е 700 милиони евра. Каталонците за самиот потпис на споменатиот договор на Меси платија речиси 50 милиони евра, додека годишно му инкасираат по 43 милиони евра.

Извор: СпортКлуб

Би те интересирало и

Откриени тајни документи: Барса на Нејмар заработила само 17 милиони евра

Барселона за продажбата на Нејмар заработила помалку од она што јавноста го мисли. Имено, Барселона ...

Конте: Мурињо е мал човек и секогаш ќе биде

Конфликтот меѓу португалскиот и италијанскиот фудбалски експерт почна уште во октомври 2016 година, а кон ...