Меси ја спаси Барселона од пораз на Ел Мадригал

messi

Лионел Меси ја спаси Барселона од пораз на „Ел Мадригал“, против Виљареал, со голот постигнат во последната минута.

Дербито на 17.коло во шпанската Примера, помеѓу Виљареал и Барселона заврши без победник.

Освоениот бод за Барселона е рамен на пораз бидејќи Реал има пет бодови повеќе и натпревар помалку.

Барселона напаѓаше, упати повеќе удари кон голот на домаќинот, но не ја заслужи победата. Виљареал, одигра дисциплинирано, цврсто во одбраната, а константно се закануваше преку контранапади.

Сансоне во 49.минута од тешка позиција успеа да ја затресе мрежата на Тер Штеген. Резултатот беше активен се до последната минута кога Меси постогна брилијантен гол од слободен удар.

Аргентинецот на последните 22 средби има постигнато 25 голови.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

о 11 во Скопје, еден час подоцна летаат за Австрија – Вардаровата шесторка веднаш заминува на подготовки

Вардаровата шесторка млади репрезентативци во Полска нема да има одмор и веднаш по пристигнувањето утрово ...

Констатирани пропусти во подоготовките за УЕФА Супер купот на Арената „Филип Втори“

Владата на Република Македонија на синоќешната седница констатира сериозни пропусти од страна на АД за ...

Close