Металург во улога на фаворит против Чеховски Медведи – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Металург во улога на фаворит против Чеховски Медведи

Ракометарите на Металург попладнево, пред својата публика, ќе го одиграат шестиот натпревар во Лигата на шампионите.

Во рамки од 6.коло на Д групата, Металург во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го пречека составот на Чеховски Медведи.

Откако во претходното коло Металург го совлада истиот противник и тоа на гостувањето во Русија убедливо со 32-26, избраниците на Александар Јовиќ сега важат за фаворит во мечот со Чеховски Медведи.

– Во сите досега одиграни натпревари бевме, условно кажано, аутсајдери и се обидувавме со мотивирачки прес-конференции да ги разбудиме нашите играчи. Велевме дека од мачиња треба да станат лавови, дека нема што да се изгуби и дека со бробена и трпелива игра во нападот можеме да направиме добар резултат. Сега, на овој натпревар, Металург за прв пат е фаворит и од тоа нема бегање. Изминатиот период добро работевме и подготвени ќе го дочекаме овој натпревар за да ја забележиме втората победа на домашен терен. Филип Кузмановски се враќа во тимот и тој момент го разговаравме со сите во клубот за да бидат подготвени да му ја дадат потребната поддршка, истакна Јовиќ.

Металург на последните три меча во ЛШ оствари две победи и еднаш одигра нерешено, додека руската екипа е единствената која досега нема освоено ниту еден бод, односно ги загуби сите пет натпревари.

Дуелот Металург – Чеховски Медведи ќе се започне во терминот од 17 часот.

Вчера во рамките од оваа група, победи пред својата публика остварија Мотор Запорожје над Бешикташ со 28-22 и Нант кој минимално со 33-32 го победи Спортинг.

На табелата лидер е францускиот Монпеље со 12 бодови, пред Мотор Запорожје кој има 8, а Бешикташ и Металург по 5 бода, додека на последните две позиции се Спортинг со 4 и Чеховски Медведи без бодови (0).

Потсетување дека вчера европскиот првак Вардар славеше победа на гостувањето во Шведска кај Кристијанштад со 26-23.

Би те интересирало и

Германија најсериозен кандидат за домаќин на ЕП во 2024 година

Германија е најсериозен кандидат за организација на Европското првенство во 2024 година, откако веќе ја ...

Манасков, Стоилов и Кузмановски загубија кладба и се ишишаа на нула (фото)

Дејан Манасков, Столе Стоилов и Филип Кузмановски со нов имиџ ќе ги продолжат натпреварите на ...